Сутерен.мк

Откритие на векот

Ерленд Бор од Норвешка дошол до откритие на векот, „вооружен“ само со детектор за метал, откако неговиот лекар му препорачал да се активира повеќе и да практикува прошетки. Бор откопал девет златни приврзоци, три прстени и 10 златни мониста на островот Ренесој.

Една прошетка ќе му остане запаметена, бидејќи пред да се врати дома, детекторот за метал почнал да испушта звуци.
„Најпрво мислев дека се некои чоколадни парички. Беше апсолутно неверојатно“, рече Бор во изјавата од Универзитетот во Ставангер.

Норвежанецот веднаш контактирал со археолозите, кои го продолжиле истражувањето.
Вкупниот „плен“ што го нашол тежи нешто повеќе од 100 грама и датира од околу 500 година од нашата ера, кој во Норвешка е познат како „миграциски период“.


Според норвешкиот закон, сите историски предмети постари од 1537 година и монетите од пред 1650 година се сметаат за државна сопственост и од пронаоѓачот мора да ги предаде.

Професорот Хакон Рејерсен од Археолошкиот музеј на Универзитетот во Ставангер вели дека приврзоците се како плочки – тенки, рамни и еднострани. Заедно со златните мониста прават „многу впечатлив ѓердан“.
Според него, ланчето го носеле многу угледни луѓе во општеството, а во Норвешка слично откритие за последен пат се случило дури во 19 век.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *