Сутерен.мк

Песочен замок за Гинис!

Деновиве во Данска беше претставен најголемиот замок од песок на светот, посветен на пандемијата од коронавирусот.

Висок е 21, 16 метри и подолг е за три метра од дворецот во Германија изграден во 2019 година, кој досега го држеше Гинисовиот рекорд со своите 17, 66 метри.

Изграден е во облик на пирамида за да не се урне (метода што ја користат стручњаците за кревки градби), а на креаторот, Холанѓанецот Вилфред Стијгер, му помагале триесеттина најдобри градители во песок на светот.

За замокот да издржи до почетокот на идната пролет, користено е десет отсто глина во градењето, а по изградбата нанесен е и слој на лепак.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *