Сутерен.мк

Платеници и неверници

Имам другарка, ама ми се чини дека не е сосема искрена со мене. Како да препознаам кога ме лаже, а кога ја зборува вистината?

Парк

Парк дарлинг, прашајте ја колкава и е платата. Изгледа дека количината на искреноста зависи правопропорционално со висината на месечните примања. Што ќе рече, искрени сме онолку, колку што сме платени…

****

Дарлинг, вие жените сте неверни во гените! Имам сопруга, немаме деца и постојано ме изневерува, а после секое неверство вели дека тоа и е за последен пат. Потоа пак од почеток. Што да правам?

Дојран (31)

Дојран дарлинг, со посмртните остатоци од мојов разум би ви советувала да и направите едно две – три деца по што вашата женичка не би имала време да се исчешла, а не пак, да мисли на други мажи. Меѓутоа, мислам дека во вашиов случај ни тоа нема да помогне. Не сум убедена дека ќе си го решите проблемот и доколку ја замените партнерката. Затоа, миличок, баталете ги жените и почнете да везете гоблени…

(Упатствата во оваа рубрика се само субјективно гледање на меѓучовечките релации. Никако не треба да се сфатат како достојна замена за стручно мислење.)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *