Сутерен.мк

По првата, се се познава…

Во книжевноста, токму како и во шахот, важно е отворањето. Првите потези можат да ја одредат целата партија т.е. приказната. Британскиот весник „Телеграф“ направи листа од најпознатите први реченици во историјата на книжевноста. Некому ќе му се допадне изборот, некому можеби не, но веруваме ќе пронајдете некоја што ќе ви стане омилена

„Сите среќни семејства личат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин“. (Лав Н. Толстој „Ана Каренина“)

„Некој мора да го наклеветил „Џозеф К. Бидејќи иако не направил никакво зло, едно утро бил уапсен“. (Франц Кафка „Процес“)

„Беа тоа најдобри времиња, беа најлоши времиња, беше тоа време на мудрост, беше време на лудост, беше епоха на вера, беше епоха на неверица, беше тоа доба на Светлост, беше доба на Темнина, беше тоа пролет полна со надеж, беше тоа зима полна со очај, имавме сè пред нас, имавме ништо пред нас, сите одевме директно во Рајот, сите одевме директно на другата страна“. (Чарлс Дикенс „Приказна за два града“)

„Ја сум болен човек…Зол човек“. (Фјодор М. Достоевски „Записи од подземјето“)

„Општо е познат фактот дека на богат и неоженет човек му е повеќе и од потребна жена“. (Џејн Остин „Гордост и предрасуди“)

„Беше ведар и ладен априлски ден; на часовниците биеше тринаесет“. (Џорџ Орвел „1984“)

„Ако вас навистина ве интересира сè ова, веројатно попрво ќе сакате да дознаете каде сум роден, какво беше моето бесцелно детство, што правеа моите во животот пред да ме добијат и уште множество такви глупости а ла Дејвид Коперфилд, но не сум баш расположен да се впуштам во тие работи.“ (Џером Дејвид Селинџер „Игра во ‘ржта“)

„Сите деца, освен едно дете, растат“. (Џејмс Метју Бари „Петар Пан“)

„Следниот ден никој не умре“. (Жозе Сарамаго „Смртта и нејзините каприци“)

„Може светот да зборува за мене што му е драго (бидејќи не ми е непознато како Лудоста минува лошо и кај најлудите), сепак сум јас, единствено јас, ви велам, способен да развеселувам и богови и луѓе“. (Еразмо Ротердамски „Пофалба на лудоста“)
„За да ја раскажам својата историја, морам од далеку да почнам“. (Херман Хесе „Демијан“)

„Госпоѓа Деловеј рече дека сама ќе купи цвеќиња“. (Вирџинија Вулф „Госпоѓа Деловеј)

„Лолита, светлина на мојот живот, оган на моите препони. Мој грев, моја душа“ (Владимир Набоков „Лолита“)

„Ова е книга забелешка за човекот кој го викавме Степски Волк, како што и тој сам често се нарекуваше.“ (Херман Хесе „Степски Волк“)

„Во животот нема попријатни часови отколку што може да биде, под извесни околности часот посветен на обредот познат под името попладневен чај.“ (Хенри Џејмс „Портрет на една дама “)

„Ателјето беше заситено со раскошен мирис на ружи, и кога летниот ветрец би ги разнишал дрвјата во градината, би побрзал низ отворената врата, тежок мирис на јоргован или нежен мирис на црвен глог.“ (Оскар Вајлд „Сликата на Доријан Греј“)

„Мое уверување е дека не може да се измислуваат личностите додека добро не се проучат луѓето, како што не може да се говори некој јазик ако не се научи сериозно.“ (Александар Дима (син) “Дамата со камелии“)

„Лежеше испружен на шумското тло, костенливо од боровите иглички, со брадата на скрстени раце, а високо горе дуваше ветер на врвовите од боровите.“ (Е. Хемингвеј „За кого бијат камбаните“)

„Штотуку се вратив од посета на својот стопан на куќата – осамениот сосед со кој ќе имам непријатности.“ (Емили Бронте „Оркански височини“)

„Еден ден прочитав една книга и целиот живот ми се промени“ (Орхан Памук „Нов живот“)

„Во младите и чувствителни години, татко ми ми даде совет кој од тогаш непрекинато го премотувам во глава.“ (Ф. Скот Фицџералд „Големиот Гетсби“)

„ Бидејќи не можев да се совладам, седнав да ја напишам оваа историја на своите први чекори од животното боиште, иако можев да поминал и без тоа“ (Ф.М. Достоевски „Младичот“)

„Алексеј Фјодорович Карамазов беше трет син на спаија од нашата околија Фјодор Павлович Карамазов, така познат во своето време (па и сега кај нас уште го спомнуваат) по трагичната и загадочна негова смрт, којашто се случила точно пред тринаесет години и за која ќе зборувам на одредено место.“ (Ф.М. Достоевски „Браќа Карамазови“).
Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *