Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ноќеска загинаа најмалку 59 луѓе и тоа е една од најголемите трагедии од ваков вид во Европа досега. Ова се некои од најсмртоносните пожари во ноќни клубови и концертни сали во изминатите децении.
Април 2024: Во пожарот во ноќниот клуб „Маскерада“ во Истанбул загинаа 29 луѓе.
Октомври 2023: Тринаесет луѓе загинаа во пожарот кој почна во ноќен клуб во шпанскиот клуб Мурсија, по што се прошири на два други клуба.
Декември 2016: Триесет и шест луѓе починаа во пожарот во Оукленд, Калифорнија, што избувна во складиште претворено во простор за уметнички настани.
Октомври 2015: Во пожарот предизвикан од пиротехника на рок концерт во ноќен клуб во Букурешт загинаа 64 луѓе, а 190 беа повредени.
Јануари 2013: Повеќе од 200 луѓе загинаа во пожарот во ноќниот клуб „Кис“ во бразилскиот град Санта Марија.
Декември 2009: 152 луѓе загинаа откако се запали ноќен клуб во рускиот град Перм.
Јануари 2009: 67 луѓе загинаа во ноќен клуб во Бангкок откако внатрешен огномет предизвика пожар.
Декември 2004: Пожар во ноќен клуб во Буенос Аирес усмрти 194 луѓе. Газдата на клубот беше осуден на 20 години затвор.
Февруари 2003: 100 луѓе загинаа, а 200 беа повредени откако беше запален огномет на хеви метал концерт во Вест Ворвик, САД.
Октомври 1998: Намерно запален оган во преполн ноќен клуб во Гетеборг доведе до смрт на 63 луѓе, а околу 200 беа повредени.
Март 1990: 87 луѓе загинаа откако беше предизвикан пожар во ноќен клуб во Бронкс, Њујорк.
Декември 1983: Во пожарот во сала за танцување во Мадрид загинаа 78 луѓе.