Сутерен.мк

Последниот потег на Тито

Јошка Броз, внукот на доживотниот претседател на СФРЈ, откри дека последен пат разговарал со Тито по првата операција во Љубљана.
– Во целата таа мака се сети дека ми ветил дека ќе ми даде еден негов карабин и пиштол за лов. Ме покани кај него и ми даде карабин и пиштол – изјави Броз во едно интервју.

Тој остро ги отфрла наводите дека официјалниот датум на смртта на Тито бил лажен.

Се испостави дека операцијата е направена доцна. Веќе почна гангрената да се префрла на бубрезите, па сепса, па вештачка кома… Бранко Лалевиќ тогаш ја исклучи таа машина. Зошто го велат тоа? Тој човек е мртов, зошто постојано го враќаме од гроб? Сето тоа е глупост.

Тој ги опиша и последните моменти на својот дедо.

– Сега велат дека викал попови, зборувал на странски јазици и пеел некои кинески и јапонски песни… Како зборувал кога бил во кома? Луѓе, не проговори ниту еден збор, само последната вечер, што беше сабота, десната веѓа му се помрдна. Заминав за Белград во неделата наутро да си земам чисти работи и да завршам некоја работа. Само што дојдов, ми јавија дека починал. Само им реков да не кажуваат ништо никому додека не стигнам таму. Веднаш се вратив во Љубљана, го ставив во ковчегот, бев присутен кога се заваруваше тој ковчег – изјави неодамна Јошка.
Внук му му го ставил на раката и прстенот, подарок од Сталин, според насоките од Тито добиени пред смртта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *