Сутерен.мк

Постара трудница – подобра мајка

Вистина е дека со годините на повеќето жени бременоста им станува се потешка. Меѓу другото, жените се раѓаат со одреден број на јајце клетки, а тој број со возраста се намалува.

Трудницата после 35 – тата година ја очекуваат додатни ризици од хипертензија, дијабетес, хромозомски абнормалности кај новороденчињата

Заради тоа, на жените им се советува да забременат порано, но студиите покажуваат дека „постарите“ мајки, се подобри мајки!

Истражувањето спроведено на Школата за бизнис и социјални науки на данскиот универзитет (а го пренесува „Тајмс оф Индија“), тврди дека жените кои што ќе родат после 35-тата, имаат подобар и постабилен однос со своите деца.

Што ќе рече, нивните деца имаат значително помалку тешкотии во однесувањето и помалку социјални и емоционални проблеми!

Освен ова, нивото на зрелост на овие мајки, им помага полесно да се справат со стресот во текот на бременоста и да го задржат нивото на разумност, контрола и добра волја во текот на барем, првите шест години од одгледувањето на децата!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *