Сутерен.мк

Постоиме благодарение на 11-октомвриското победничко востание

„Со одлуката да пристапи кон антифашистичката коалиција, нашата држава во 1941 година застанала на страната на слободата, на правдата, на целокупното прогресивно човештво, против уништувачкиот фашизам и нацизам во светот“, рече премиерот Димитар Ковачевски на Денот на востанието 11 Октомври.

Ковачевски сепак, во својот говор го изостави бугарскиот фашистички окупатор: „Спомен костурница во Куманово, вечниот дом на околу 300 борци кои своите животи ги положиле во темелите на родната земја, оддаваме искрена почит кон сите борци во антифашистичката и народноослободителна борба и ја испраќаме пораката дека светиот аманет да се биде На вистинската страна е примен, чуван, реализиран и ќе биде предаден на идните генерации, како отсекогаш, во името на добрата иднина на Република Македонија.“

Централната манифестација на денот на востанието се одбележа во Куманово во спомен – костурницата. Но, таа изгледа како заборавена од институциите. Само на овој споменик недостига цела мермерна плоча со имиња на 23 паднати борци.

И лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со честитка за 11 Октомври. Вели, ова е еден од најсветлите датуми на македонската историја кој значеше почеток на едно ослободително и антифашистичло востани на македонскиот народ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *