Потрошувачката кошница во Македонија е над 65.000 денари

Ниту 65 илјади денари не се доволни за едно четиричлено семејство да ги покрие основните месечни трошоци. Последните анализи на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) покажуваат дека за минимални трошоци во ноември едно просечно семејство одвоило 65.173 денари.

Оваа сума е за 371 денар помала од октомври, кога беа потребни 65.544 денари, но е повисока од септември (65.077 денари). Според пресметките на ССМ, ако семејството живее под кирија, трошоците се значително поголеми. За изнајмен стан од 60 м², минималните месечни трошоци достигнуваат 80.548 денари.

Во споредба со октомври лани, цените на храната и безалкохолните пијалаци се зголемени за 7%. Најголем удар има кај овошјето (+21 %), месото и маслото (+10 %), лебот и житариците (+5,5 %), а кафето, чајот и какаото – дури +26 %.

Владата најави нов начин на пресметување на минималната потрошувачка кошничка, со можност за пет различни пресметки. Премиерот Христијан Мицкоски на 6 ноември изјави дека проекциите за инфлацијата во 2025 година се меѓу 3,5 и 4 %. Народната банка прогнозира дека инфлацијата оваа година ќе изнесува 3,9 отсто.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *