Сутерен.мк

Потрошувачката кошничка е над 51 000, минималецот е 20 175 денари

Иако беше најавено дека до денеска ќе ги разгледуваат анализите за ново замрзнување на цените на други производи, надлежните не најдоа време да излезат со резултатите. Само информираа дека ќе ги следат цените на светските берзи за да дефинираат нови мерки. Дотогаш граѓаните и понатаму ќе купуваат скапи шеќер, ориз, јајца, месни производи, овошје, зеленчук и средства за хигиена. Но, скапи остануваат и другите тестенини и млечни производи чии цени не беа замрзнати.

Според власта, висината на потрошувачката кошничка синдикатите погрешно ја пресметале и наместо 50 909 денари, таа била 43 000 денари бидејќи наводно стапката на инфлација била внесена двапати. Но, од Сојузот на синдикати денеска ги отфрлија вакви тврдењата на Владата, чија задна цел е всушност потрошувачката кошничка да се покрие со две минимални плати. Според потпретседателот на Сојузот на синдикати, реалните трошоци на едно четиричлено семејство ќе надминат 90 илјади денари, доколку се вклучат и другите трошоци.

Истата методологија за пресметка се користи од 2011 година, што покажува дека е вистински модел за да се дојде до висината на примањата за преживување, а не и за нормален живот.

Инаку, на почетокот на месецов цената на белиот леб беше замрзната на 33 денари, а потоа поевтинија и тестенините за 15 отсто, а некои млечни производи за 10. Тоа значи дека граѓаните ќе ги купуваат овие основни производи поевтино за 5-10 денари, но повторно на сметка на даночните обврзници наспроти производителите и трговците кои плаќаат само 5 отсто од ДДВ за овие производи. За овие мерки имаше многу критики од експертите, кои освен што ги оценија како задоцнети, бараат помошта директно да им се даде на граѓаните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *