Правилата за живот на најпознатиот самурај

Ова се правилата за живот т.е. 21 принцип на Докодо, или „Патот на осаменоста“, напишан од мечувалецот од 17 век Мијамото Мусаши, за кој се вели дека водел 62 дуели и ги добил сите.

Мијамото очигледно знаел нешто што повеќето од неговите противници не го знаеле – всушност и нешто што повеќето од нас денес веројатно не го знаеме. На самиот крај од неговиот 60-годишен живот, овој најпознат од сите самураи ја кондензирал својата мудрост во принципите на Докодо.

-Прифатете сè онакво какво што е.
-Не барајте задоволство само заради задоволството.
-Под никакви околности не потпирајте се на делумно чувство.
-Размислувајте лесно за себе и длабоко за светот.
-Бидете одвоени од желбите целиот ваш живот.
-Не жалете за она што сте го направиле.
-Никогаш не бидете љубоморни.
-Никогаш не дозволувајте да бидете тажни поради разделба.
-Огорченоста и каењето не се соодветни ниту за себе ниту за другите.
-Не дозволувајте да бидете водени од чувството на алчност или љубов.
-Немајте референци за ништо.
-Бидете рамнодушни кон местото каде што живеете.
-Не бркајте го вкусот на добрата храна.
-Не држете се до сопствеништва што повеќе не ви се потребни.
-Не постапувајте според вообичаените верувања.
-Не собирајте оружје и не вежбајте со оружје надвор од она што е корисно.
-Не плашете се од смртта.
-Не барајте да поседувате ниту добра ниту служители за вашата старост.
-Почитувајте го Буда и боговите без да сметате на нивна помош.
-Можете да го напуштите сопственото тело, но мора да ја зачувате вашата чест.
-Никогаш не отстапувајте од патот.

Повикувањето на Буда во принципот бр. 19 можеби не е изненадување, со оглед на тоа колку е богата оваа листа со очигледно будистички теми: откажување од желбата, ослободување од приврзаностите, прифаќање на неизбежното. Исто така, постојат резонанци со современи текстови за уметноста на живеењето создадени од цивилизации далеку надвор од Азија: на пример, „Уметноста на светската мудрост“ на шпанскиот језуитски свештеник Балтазар Грацијан.

Можеби ќе почувствувате и многу заедничко помеѓу светогледот на Мијамото и оној на стоиците, кои ги поставуваа своите сопствени прописи петнаесет или шеснаесет века порано. Секој на свој начин, на пример Марко Аврелиј и Сенека достигнаа форма на истото разбирање како што го постигнал Мијамото: дека прво мораме, како што самиот вели, „да прифатиме сè онакво какво што е“. Можеби ги посветуваме нашите животи на задоволување на нашите преференции, но и стоиците и самураите знаеја дека „нашата способност да се менуваме во свет кој редовно се спротивставува на нашите преференции, го подобрува квалитетот на нашето искуство“.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *