Сутерен.мк

Придобивките од стравот

Не секогаш за стравовите што ги чувствуваме ни е потребно психолошко лекување. Како што пишува Bright Side, според  експертите одредени стравови се повеќе корисни од штетни, а еве и како…

  • Помага во губење на килограмите

Доживување на малку страв согорува повеќе калории отколку кога не се плашите од ништо. При плашење, пулсот ни се забрзува, адреналинот протекува, метаболизмот се забрзува, па маснотиите и шеќерот горат.

  • Го јакне имунитетот

Истражувањата покажале дека стравот предизвикува активирање на белите крвни ќелии кои помагаат во борбата против болести.

  • Мотивира и дава сила

При чувство на страв не се ослободува само адреналин, туку и други хемикалии, како серотонин, кој му помага на мозокот да работи поефикасно.

  • Социјализира

Кога сме уплашени, се ослободува окситоцин, хормон кој ни помага во градењето односи со оние околу нас.

  • Не фокусира       

Размислувањата за иднината или нешто непознато не плаши, но притоа се ослободува уште еден хормон познат како норадреналин кој ни помага да се фокусираме, појасно да размислуваме и ни го смалува чувството на паника. Истиот хормон се користи и во многу антидепресивни лекови.

  • Помага да се извлечеме од неволја

Во ситуација која може да не уплаши (одење сами по темна улица и слушање на забрзани чекори зад нас) нашиот мозок веднаш пронаоѓа оптимално решение и не троши време на детална анализа на ситуацијата.

  • Позитивно не менува

Толкувањето на лабораторисаки анализи од страна на докторот може да не уплаши, но и да не натера да го смениме нашиот начин на живот. На подобро, секако.

  • Поддршка во остварувањето на целите

Постои психолошка состојба наречена Кронов синдром, а тоа е стравот дека некој ќе не замени во било која сфера од нашиот живот! Ова помага да напредуваме во кариерата, приватниот, општествениот живот, а со тоа да бидеме и што поопуштени во сакањето на себеси.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *