Љубовта на старо-ново избраниот француски претседател Емануел Макрон кон Брижит започнала додека тој седел во училишната клупа. Брижит тогаш работела како наставничка по литература и веќе имала семејство. Но, како што често се случува во тинејџерските години, ученикот се загледал во учителката… Не го интересирале неговите врснички, туку една елегантна, отмена жена која, барем дотогаш, била среќно мажена и одгледувала три деца. Брижит заборавила на сето тоа кога сфатила дека 15-годишниот Емануел до уши е вљубен во неа.
Брижит и првиот сопруг Андре имале среќен брак сѐ додека на почетокот на 90-тите Брижит не ја започнала аферата со 25-години помладиот ученик Емануел Макрон.
Кога нејзиниот сопруг Андре дознал за врската помеѓу Брижит и Емануел, ги предал документите за развод. Не поминало многу лесно. Бракот бил официјално завршен дури во 2006 година, а веќе следната година Брижит станала госпоѓа Макрон. Нејзиниот четврт век помлад сопруг одлучил дека нема да има биолошки деца, што, очигледно, совршено му одговара.
– Тоа е одлука која сам ја донесов. Мојата сопруга има три деца, од кои некои беа веќе возрасни кога ја запознав. Се договоривме дека најважна работа е да ги изведеме на вистинскиот пат и да ги сакаме. Сега имам седум внуци. Ние се сакаме и се прифаќаме едни со други – раскажа своевремено Макрон.
Во Франција долго време се зборуваше дека неговите родители не ја одобруваат оваа љубов, дека дури и го принудиле да го смени училиштето кога дознале што се случува. Меѓутоа, тие никогаш не се ги потврдија гласините.
Таткото на Емануел, Жан-Мишел, дури неодамна даде интервју, во кое рекол дека гласините за промената на училиштето се само „приказни за мали деца“.
Што се однесува до врската на Емануел со Брижит, неговиот син, како што истакнал, уште во младите години докажал дека е слободен.
„Можеби беше рано, но подоцна се покажа дека тоа е нешто реално.“
Кај нив владеела голема напнатост: „Постојат моменти во животот кога мора да донесете важни одлуки“.
Како што наведува авторката на книгата за францускиот претседател, на неговата мајка Франсоаз наводно ѝ било потешко да ја прифати оваа љубов. Поради разликата во годините, секако. Денес, сепак, сѐ е во ред.
„Нашиот однос е пријателски. Брижит и јас имаме исти интереси и приоритети, си кажуваме сè еден на друг“, вели Франсоаз Макрон.