Сутерен.мк

Пубертетски експерименти

Мојот син има 15 години и мислам дека има дечко, а не девојка. Немам цврсти докази, ама се ми зборува дека нешто не е во ред со него. Како да го проверам тоа?

Мајка

Мајка, дарлинг, во последно време не е прашањето дали некое дете шета, туку со кого шета! Ноќе, се разбира. Што ќе рече, родителите веќе не се загрижени дали ќерките им менуваат многу често момчиња туку, дали се тоа момчиња!? За разбирање е вашата загриженост, но е прерана.

Оваа „нова ера“, што секако, подразбира и друг вид на однесување, од се направи чорба. Луѓето особено, многу младите, не знаат ни како, ни кога, ни зошто, ни кому. Никогаш не бил подлабок јазот меѓу генерациите. Докажано е дека нема докази од што зависи сексуалната ориентација на било кој. Докажано е исто така, дека една млада личност поминува низ периоди на конфузии, несигурност и експериментирање во сите аспекти.

Чувствата во тинејџерската возраст се најчесто, неодредени и променливи иако, велат експертите, токму тогаш може и да се препознае идниот профил на личноста. Конфузно е, како што е конфузна и оваа наша доба. Не се знае веќе што е тренд, што нагони, а што идентитет! Дајте му време на вашиот син.

Што и да се случи понатаму, своето дете мора да ги ставите над околината зашто, нему му должите поддршка, а не на комшиите и роднините. Не го менувајте туку, помогнете му. Манирите можат да се променат, но сексуалната ориентација не се брише.

Впрочем, изнудените модели на однесување, живеење во согласност со туѓите очекувања, присилното вклопување во средината потврдено е дека носат само тескоби. Ментални. За нашите најмили…

(Упатствата во оваа рубрика се само субјективно гледање на меѓучовечките релации. Никако не треба да се сфатат како достојна замена за стручно мислење.)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *