За да го сврти вниманието на јавноста кон пчелите и нивното значење за целокупниот живот на планетава, една француска организација дошла до ингениозна идеја, која е сосема во тренд со времево.
Имено, луѓето од оваа фондација направиле инстаграм профил на една пчела?! Таа се вика Би и се декларира како прва инфлуенсерка меѓу пчелите! Па така, нејзините фотографии се слични како и на нејзините човечки пандани, а би рекле, дури и подобри.
Авантурите на оваа нова виртуелна ѕвезда реализирани секако, во фотошоп, засега ги следат над двесте илјади луѓе.
Извор: Design You Trust