Сутерен.мк

Радиосигнал од пред девет милијарди светлосни години стигна до Земјата

Сигналот е откриен на единствена бранова должина позната како „линијата од 21 сантиметар“ или „водородна линија“, која наводно ја емитуваат неутрални атоми на водород.

Сигналот што го регистрираше радиотелескоп во Индија може да значи дека научниците можат да започнат да го истражуваат формирањето на некои од најраните ѕвезди и галаксии.

Истражувачите детектирале сигнал од „галаксијата што формира ѕвезди“ наречена „SDSSJ0826+5630“, кој бил емитиран кога Млечниот Пат – галаксијата во која се наоѓа Земјата и е стара 13,8 милијарди години – била стара само 4,9 милијарди години.

„Тоа е еквивалент на поглед наназад 8,8 милијарди години“, велат индиските космолози.
Галаксиите наводно емитуваат светлина во широк опсег на радиобранови должини. До неодамна, радиобранови со бранова должина од 21 см беа снимени само од блиски галаксии.

„Галаксијата емитира различни видови радиобранови. Досега беше можно да се снима само од блиска галаксија, ограничувајќи го нашето знаење на галаксиите поблиску до Земјата“, додаваат научниците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *