Сутерен.мк

Ранобудници

Фејсбук с(р)еќавања…

Кога еднаш ќе го промашиш изборот на животот, сите личности во него се погрешни и се, попогрешни.

****

Сликајте се со своите деца додека се мали. За да имате доказ во иднина дека некогаш и, ве сакале.

****

Кој рано рани, два шлога граби!

****

Престанете да прашувате колкава му е некому платата!
Ако е мала, од срам, ќе те излаже.
Ако е голема пак, од срам ќе те излаже.
Ако е гојдо, нема срам – ќе те излаже и за твојата.

****

Го „тренираме“ нашето кутре со ќерка ми да врши нужда во дворот, но не ни оди баш најдобро. Девојчето ми предлага да прашаме некој „експерт“ за совет, а јас си терам по свое.
Јас: „Нашата тактика е да не менуваме тактика.“
Таа: „Ти ова го нарекуваш тактика!?“
Јас: „Не се менува победничката стратегија!“
Таа: „А која е победничката стратегија? Тоа што чекаме да порасне!?“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *