Сутерен.мк

Ричард Бренсон продава билети за вселенски летови

Вселенската компанија Virgin Galactic, основана од милијардерот Сер Ричард Бренсон, објави дека наскоро ќе почне да прави резервации за своите први комерцијални вселенски летови. Во соопштението, компанијата вели дека планира да продаде илјада билети за првите летови што ќе бидат лансирани од космодромот во Ново Мексико „подоцна оваа година“.

Билетите за 90-минутно патување во вселената чинат 450 000 долари.
Со својата објава, Вирџин Галактик се приклучува на групата компании, основани од милијардери, кои ќе водат туристи во вселената. Во септември, конкурентот на Space X влезе во историјата со првиот целосно цивилен екипаж кој полета во вселената. На бродот бил милијардерот Џаред Ајзакман, но цената на патувањето не е објавена.

Основачот на Blue Origin и Амазон, Џеф Безос пак изјави дека заработил речиси 100 милиони долари од продажба на билети.

Вселенските компании заработија рекордни 14,5 милијарди долари приватни инвестиции минатата година, повеќе од педесет отсто повеќе од претходната година.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *