Сутерен.мк

Русија изгледа има план „Б“ за се!

Виза и Мастеркард соопштија дека ги прекинуваат нивните активности во Русија. Се очекува ова да биде еден од најсилните удари врз руските граѓани во нивното секојдневно функционираање и да биде една од најтешките економски санкции врз земјата!

Русија очигледно подолго време се подготвувала за оваа можност. Уште денеска, руските банки најавија дека имаат разработено свои, домашни форми на електронско банкарство. Банката Сбербанк најави дека ќе ги замени картичките Виза и Мастеркард со системот МИР, кој го има развиено во соработка со кинеската Унионпеј.
Унионпеј веќе неколку години ги има надминато Виза и Мастеркард по обемот на трансакции кои ги врши, со картички или во електронско банкарство. Но, компанијата досега речиси и да не работела надвор од Кина и ќе се соочи сериозен тест дали може преку ноќ да го покрие и рускиот пазар. Русија веќе се обидува загубените пазари во Европа и САД да ги замени со поголема трговска размена со Кина, Пакистан, Иран и Индија, во надеж дека ќе биде дел од голем, нов економски блок на Евроазија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *