Сутерен.мк

Ручек на лет во место

Најголемата јапонска авиокомпанија Нипон ервејс (АНА), нуди можност да јадете во прва класа во паркиран авион за 460 евра по оброк! Услугата е на понуда од вчера и веќе се резервирани сите седишта?!

Авионот е Боинг 777 и е паркиран на аеродромот Ханеда во Токио, а идејата за „ресторан со крила“ ја смислите токму вработените кои не знаеле што веќе да прават со „статичните“ авиони.

Искористувањето на овие „летови за никаде“ сепак, не се вчерашни – Сингапур ерлајнс уште од минатиот октомври имаше понуда за ручање во Ербас А380 паркиран на главниот градски аеродром, минатата недела Бритиш ервејс понуди оброци од првата класа за домашна достава…

Во меѓувреме, Квантас, Вирџин Атлантик и Џетстар објавија попуст од педесет отсто за повеќе од дваесет дестинации.

Значи, се има во пандемијава, само пари јок.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *