Сутерен.мк

Светилиште ни на небо, ни на земја

На приближно еден час возење од Верона ќе го пронајдете езерото Гарда, најголемото италијанско езеро кое ги привлекува посетителите со прекрасната природа. Но, ѕвезда на оваа приказна не е Гарда туку планината Балдо од која се пружа прекрасен поглед кон најголемото италијанско езеро.

Балдо е веројатно најпознат по светилиштето сместено на карпа помеѓу небото и земјата. Светилиштето наречено „Мадона де ла Корона“ е изградено во карпа, на надморска височина од 775 метри, уште во 16-от век.

И два века порано, пред да се изгради црквата, пустиниците заминувале во пештера во карпата за да пронајдат мир. Во почетокот до црквата водела опасна патека, но подоцна биле изградени скали од безбедносни причини. Црквата која ги преживеала војните била обновувана неколку пати за да се спречи пропаѓање со текот на времето.

До светилиштето се стигнува од прекрасното место Спиаци, каде што можете да го паркирате вашиот автомобил и да изберете дали сакате да се искачите по патеката или по стрмните скали. Ако одлучите да се качите по скалите, ќе изброите 1540 до врвот.

Исто така, до ова место можете да стигнете и од Брентино Белуно и да комбинирате воз од Верона и велосипед, доколку сте склони кон авантура.

Спиаци е убаво место за излет, каде што можете да преноќите во некој од хотелите или во приватно сместување и да ја вратите енергијата во локалните ресторани.

 

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *