Во моето друштво многу се популарни врските за една ноќ. Другарките ме сметаат за “ретардирана” што се уште го избегнувам тоа. Што мислите вие?
Ема, 27
Ема дарлинг, „сентенцата“ секс без обврски важи само за мажите. За жените тој и тоа како е обврска.
(Освен, за оние со машки мозок, но таквите најчесто завршуваат на гастро, како ретки примери на епски желудници.)
Сексот ги менува работите. Лично, не познавам ни една жена која во ваков интимен однос може да си навлече емоционален кондом.
Чувствата едната страна ќе ги изрази, вака или онака, а тогаш се комплицира ситуацијата. Впрочем, за секоја што има троа сол во глаата, неизбежно е прашањето: „Што еден тип, кој не може да ме замисли како можна партнерка воопшто, бара во мојот кревет!?“
Нема маж освен, ако таа вечер не оди во шопинг со сопругата што ќе одбие ваква понуда, сеедно дали е за една ноќ или повремени средби, но разните ризици демнат од – и за – сите страни во ваквите контакти.
На крајот, овие релации се и скапи. Кога со некого се гледате повремено и само заради физичко заводволство, на средбата морате да бидете во топ форма (зашто, вие за него сте само визуелен објект), и секогаш, со нова и убава долна облека.
Толку многу работа за толку малку…
(Упатствата во оваа рубрика се само субјективно гледање на меѓучовечките релации. Никако не треба да се сфатат како достојна замена за стручно мислење.)