Фејсбук с(р)еќавања…
Има еден модел на локални паланчани, кои се згрозувааат од пијани во кафеана, по прослави, свадби… (пошто на вакви места само шах се игра), па кога седат на споменатите настани не трескаат зелени, туку саде бисери за Нобел редат.
Исто како во МКД комитско-партизанските филмови:
*Не ја бива.
(Драмска пауза. “Клик” – селфи си прави човечето.)
– Не.
(Драаааамска пауза.)
*Ропство брат.
(Долга драматична пауза. “Клик” – пак селфи.)
– Буржуи проклети.
(Уште подолга ќутенка.)
*Слобода…
(Мало поткашлување, замислен поглед за селфито, пак поткашлување… “Клик”.)
– Небо!
(Се гледаат очи в очи со трогателно меѓусебно разбирање.)
*Кокаколче?
(Штама.)
– Одам.
(Мноооогу долга тишина.)
*Оди.
(Станува полека. Два чекора, па се подзавртува кон дружево. По 7-8 секунди ѕверење, му климнува со главата. Конечно, оди. Полека… Другиов во крупен кадар, копнежливо го гледа. Доооолго. “Клик.” Во позадина се слуша Интернационалата.)