Земјотресот со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала, кој траел долги 17 секунди, регистриран е на 26 јули 1963 година во 5 часот и 17 минути.
Скопскиот земјотрес се почувствувал на површина од преку 50 000 километри квадратни, а се смета дека неговиот епицентар бил кај населбата Злокуќани. Повеќе од 1000 луѓе загинаа, повеќе од 3000 беа повредени.
Поради неговата јачина во Скопје до темел беа урнати 15 800 станови, двојно повеќе беа оштетени, а повеќе од 200 000 луѓе останаа без покрив над глава.
Исчезнаа симболите на Скопје – Стариот театар, Домот на армијата, зградата на Народна банка, хотелот „Македонија“ беше срамнет со земја, урнат беше и поголемиот дел од железничката станица подигната во 1938 година.
Кога веста за катастрофата го обиколи светот, Скопје стана град на солидарноста. Помошта стигнувала од сите континенти.
За првпат од 1945-та година, во Скопје во времето на Студената војна меѓу капиталистичкиот запад и комунистичкиот исток, се сретнааа американски и советски воени сили- војниците на САД и СССР имаа можност да се запознаат и ракуваат во Скопје, тие заеднички им помагале на скопјаните.