Апл сега нуди избор помеѓу машки и женски глас за неговиот виртуелен асистент Сири, како и шест различни нагласоци меѓу кои се и американскиот, британскиот, индискиот и ирскиот, но на американскиот пазар основната поставка е со женски глас – но најави дека ќе додаде два нови гласа во програмот Сири, пренесува Си – Ен – Ен.
Родовите стереотипи во виртуелните помошници како Сири, Алекса на Амазон и Гугл – асистентот веќе подолго време се причина за приговори (иако корисникот може, ако сака да го замени женскиот со машки глас). Уште пред две години Обединетите нации предупредуваа дека гласовните виртуелни асистенти ги поддржуваат ставовите дека жената е послушна, пасивна и сака да удоволува, на притисок на копче или гласовна заповед.