Сутерен.мк

Слика висела наопаку во музеј 75 години

Уметничко дело на апстрактниот холандски сликар Пит Мондријан виси наопаку во различни галерии веќе 75 години, вели историчар на уметноста. И покрај откритието, делото насловено „Њујорк Сити 1“ нема да биде исправено за да не биде оштетено

Сликата од 1941 година првпат беше изложена во њујоршкиот Музеј на современа уметност. Од 1980 година е дел од уметничката колекција на германската провинција Северна Рајна-Вестфалија во Диселдорф.

Кураторката Сузан Мајер-Бизер ја забележала грешката кога ја истражувала новата поставка на холандскиот уметник годинава, но предупреди дека сликата може да се распадне ако биде поставена како што треба.

„Њујорк Сити 1“ е верзија со лепливи ленти на сликата „Њујорк Сити“ на истиот уметник.

„Згустувањето на мрежата треба да биде на врвот, како темно небо. Кога им укажав на другите куратори, сфативме дека е многу очигледно“, вели таа.

Дополнително, фотографија од студиото на холандскиот сликар, направена неколку дена по неговата смрт, ја покажува сликата обратно исправена.

Мондријан, кој е роден во Утрехт во 1872 година, се смета за еден од најважните уметници на 20. век и за пионер на модерниот апстрактен стил, минимализам и експресионизам.
Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *