Валери Бако (40), која од својата 12 година била злоставувана од својот очув, кој подоцна и станува сопруг (откако Бако ќе остане бремена од него на 17 години), прогласена е виновна за неговото убиство, но пуштена е на слобода.
Таа е осудена на затворска казна од четири години, но од нив три условно, па е пуштена бидејќи една година веќе отслужи.
Таа призна дека го убила Даниел Полет (65) во март 2016 година со неговиот пиштол.
Полет со години ја присилувал и на проституција со други мажи, а на Бако решила да го убие кога тој почнал да зборува и за злоставување на нивните ќерки.
Нејзиниот случај ја шокираше јавноста и повеќе од седумстотини илјади Французи ја потпишаа петицијата за нејзино ослободување.
„Не чувствувам олеснување“, изјави Валери, „сосема сум скршена и физички и ментално“, додавајќи дека само сака да им се врати на своите четири деца.