Познатиот новинар, фотограф, автор на неколку влијателни книги за технологијата и нејзиното влијание врз општеството и екологист, Кевин Кели, деновиве наполни седумдесет години и на својот сајт ги објави советите што би сакал некој да му ги дал, кога бил помлад. Дел од нив, пренесуваме…
-Никој не е импресиониран од вашите материјални добра, колку што сте вие самите.
-Никогаш немојте да работите за некој, во кого не би сакале да се претворите.
-Потрудете се да не ги правите истите грешки – најдете начин тоа да бидат нови грешки.
-Кога се расправаат две страни, пронајдете ја третата.
-Ефикасноста е преценета, а денгубењето потценето. Одмарајте секогаш кога можете.
-Пријателите критикувајте ги во четири очи, во јавноста секогаш фалете ги.
-Кога од богаташите/инвеститорите барате пари, ќе ви дадат совет. Побарајте им совет, ќе ви дадат пари.
-Игнорирајте се што е небитно. Само така значително ќе ја подобрите својата способност да црпите знаење.
-Она што го правите кога имате лош ден е многу поважно од она што го правите кога се ви оди од рака.
-Луѓето ќе го оценат вашиот карактер кога ќе видат како се однесувате кон личности од кои немате никаква корист.
-Човек со просечна интелигенција кој е добар во комуникацијата може да постигне многу повеќе од натпросечно интелигентна личност која не умее да комуницира. Тоа е добра вест, бидејќи луѓето можат да си ги подобрат своите комуникациски вештини. Со паметот тешко тоа оди.