Сутерен.мк

Сони награди за најфотографии за 2021 година

На светски престижниот натпревар овогодинешна победничка во Отворената категорија е Тамари Кудита од Зимбабве за портретот „Африканска Викторијанка“.

Конрад Хајнц Торлаге од Јужна Африка ја освои наградата во студентската категорија за серијалот „Млади фармери“.

Наградата за најдобар Млад фотограф на годината ја доби 19 – годишниот Пубарун Басу од Индија за сликата „Нема бегство од реалноста“.

Во Документарната категорија наградата ја освои Вито Фуско од Италија за серијалот за цвеќето што во Кенија се користи како природен инсектицид.

„Тивки соседства“ на Маџид Хоџати од Иран ја освои наградата во категоријата Пејсажи.

Крег Истин е победник во категоријата Портрети за проектот Бенк Топ.

Томаш Воцелка од Чешка ја освои наградата во категоријата Архитектура.

Марк Хамилтон Гручи од Велика Британија е победник во Креативната категорија за серијата едитирани слики за НАСА и Лабораторијата за млазна пропулзија.

Италијанецот Симон Трамонте е прв во категоријата „ивотна средина за серијалот „Транзиција во Нето – нула“.

Лора Панак од Велика Британија триумфираше во категоријата Портфолија.

Анас Алкарбутли ја освои наградата во категоријата Спорт за серијата слики „Спорт и забава наместо војна и страв“.

Во категоријата Мртва природа победник е Питер Елевелд од Холандија за серијалот „Композиција на мртва природа сликана на водена плоча“.

Додека пак, во категоријата Диви животни и природа наградата ја доби Луис Тато од Шпанија за серијалот „Инвазија на скакулци во Источна Африка“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *