Според многумина најдобрата серија на сите времиња, го доби својот приквел. Станува збор за филмот „Многуте светци на Њуарк“. Што ги прикажува моментите од младоста на Тони Сопрано што ќе го одбележат неговиот понатамошен живот и ќе влијаат да го оидбере својот животен пат…
Младиот Тони Сопрано го толкува Мајкл Гандолфини, синот на покојниот Џејмс Гандолфини, актерот кој се прослави ао главната улога во „Сопранови„.
Филмот го режираше Алан Тејлор според сценариотот на Лоренс Конер и Дејвид Чејс (главниот автор на серијата „Сопранови“).
Кино премиерата е закажана за први октомври, а истиот ден ќе биде достапен и за гледање на стриминг сервисот ХБО Макс.