Сутерен.мк

Средовечна криза

Фејсбук с(р)еќавања…

Терминот „криза на средните години“ за прв пат го употребил канадскиот психолог Елиот Жак во 1965 година во неговата статија „Смртта и кризата на средните години“ објавени во списанието “International Journal of Psychoanalysis”. Тој овој израз го користел за да го опише периодот кога (сите) луѓе стануваат свесни за својата смртност и времето што залудно го потрошиле.

Сепак, повеќето клинички психолози се согласни дека време за бафтање со „кризни години“ имаат само оние кои немаат поважна работа освен, да се занимаваат со сопственото его.

Писателот Тони Парсонс тврди дека кризата на средни години почнува штом пораснете:
– Конкретно, веднаш штом сфатите дека животот ништо нема да ви дозволи повеќе од она за што дотогаш сте се избориле. Дали навистина сакате повторување на истото, од почеток?

А кризата на средни години завршува тогаш кога ќе си речете „Не, фала, среќен сум овде, каде што сум.“ Патем, во врската, како и во креветот, не се подобри ни помладите, ни позатегнатите, ниту постарите, поискусните, туку едноставно, најдобри се оние кои ги сакаме.

Викаат и дека: треба да се знае своето место во генерацискиот јаз. Средовечните мажи/жени често, тоа место, не го препознаваат. Оттука и таа блесава желба да се биде помлад на што впрочем, таа прочуена криза најчесто и се сведува.

Како повод за започнување на вакви периоди кај мажите/жените според статистиката, најчесто е смртта на близок пријател или член на семејството. Тоа главно, ги наведува на размислување за минливоста на животот и ги поттикнува на „искористување“ на она што останува од него до максимум.

Докажано е сепак, дека дури две третини од мажите/жените/ не почувствувале/не дале симптоми дека било кога, било каде биле во криза на средни години.

Две третини не е зафрканција.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *