Сутерен.мк

Сродни мускули

Цело време работам на себе. Внимавам што јадам, што пијам, каде се движам, со кого. По двапати неделно сум во теретана, двапати на јога, секоја вечер џогирам и никако да си ја најдам сродната душа. Би сакал да запознаам некоја девојка која ќе биде искрена и ќе ме сака таков каков што сум.

Гоце

Гоце дарлинг, вие барате девојка или фитнес тренер?! Олабавете ги стомачните мускули, дајте им шанса на мозочните, па можеби ќе си го најдете своето место. На некоја клупа, на пример…

(Упатствата во оваа рубрика се само субјективно гледање на меѓучовечките релации. Никако не треба да се сфатат како достојна замена за стручно мислење.)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *