Сутерен.мк

Твитер трајно го блокираше Трамп

Ноќеска, компанијата Твитер соопшти дека трајно го суспендирала профилот на Доналд Трамп заради ризик од понатамошно поттикнување на насилствата во САД преку неговите објави на мрежата.

Во средата Твитер привремено го блокираше Трамп кој имаше над 88 милиони следачи, а после насилниот упад на неговите приврзаници во Капитол на 6 јануари, го предупредија дека дополнителното кршење на правилата на твитер заедницата, ќе резултира со трајна суспензија.

Фејсбук пак, пред неколку дена соопшти дека профилот на Трамп ќе биде блокиран до крајот на неговиот претседателски мандат, 20 јануари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *