Сутерен.мк

Тоше Митрески: Никој и Ништо

Прифаќањето на својот ништожен идентитет го прегрнувам со раширени раце и топло срце како исклучителна привилегија и благослов, како малцинството во оваа декадентно мочуриште во кое ботеат енормна бројка на антроподи со силен општествен и социјален Имунитет кои се доживуваат како селестијални битија и стожери врз кои се темели универзумот итселф.

Дефилираат облечени во скапата креација на личната спиритуална и интелектуална ништожност, оставајќи зад себе црни мрсни нафтени дамки со силен мирис на петролеум од кој нозокомијалната флора и фауна која ужива да просперира во угледни, оплеменети ануси секое утро и секоја ноќ се опива и паѓа во транс.

Тука секој е Некој и Нешто. Малкумина сме Никој и Ништо.

Тоа откровение со неизмерно задоволство, емотивно исцеден, интравенски го примам после секој работен ден со последниот зрак од залезот, додека лежам со две свежи краставици врз очиве под климата која ме лупа директно во синуси и мозокот ми го претвора во сладолед со вкус на чист селски снег кој секое ново утро за жал, повторно се топи и се претвора во желатин од крв и ткиво од кој доручкуваат ненаситни вампири кои живеат на дневна светлина.

Во несвесната неглектика за сопствениот интелектуален и ментален Чернобил после 30-годишна експозиција општеството малигнизира со метастаза во последната здрава клетка – дигнитетот, достоинството на нас, ништожните во очите на Бога.

Најди своја аналгезија, пинеално индуцирана седација, стигмизирај емоционалната изоелектрична нула, а потоа повторно и повторно потони во вртлогот на магијата создадена од затруениот етер кој ќе мора да го дишеме додека ја допреме ултимативната слобода и совршениот елизиум кој е нашиот подарок во тоа да бидеш едно обично Ништо.

One way,

One soul,

One motive,

One direction,

One feeling,

From flesh and blood, a collective!

(Авторот – creation ex nihilo, едвај е екстрахиран со вакум во 87-ма. Пораснал спонтано. Малку учел Скопје. Се вратил Охрид, учен. Наводно. Во моментов е доктор во ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје.)

*Ставовите изнесени во колумните се лични мислења на авторите и не го претставуваат нужно ставот на сајтот suteren.mk.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *