Поранешниот претседател на САД, Диналд Трамп, ќе се врати на социјалните мрежи со сопствена платформа?!
„Верувам дека ќе го видиме претседателот Трамп на социјалните мрежи во следните два или три месеца“, изјави за Фокс Њуз неговиот советник Џејсон Милер, додавајќи дека „таа платформа ќе ја смени целосно играта!“
Не е јасно дали се подготвува сосема нова мрежа, дали Трамп ќе користи некоја од веќе постоечките или повеќе од нив ќе се спојат во нова.
Профилите на Трамп се блокирани на Твитер, Фејсбук и Снепчет после протестите во Вашингтон во текот на јануари.