Сутерен.мк

Третина од адолесцентите во Македонија се борат со анксиозност и депресија

Депресијата и анксиозноста стануваат едни од главните растројства, не само кај нас, туку и во светски рамки. Според последните податоци од истражувањата на национално ниво, на Универзитететските клиника за психијатрија и УНИЦЕФ, во соработка со Универзитетската клиника за гинекологија во периодот за време и по пандемијата со Ковид-19 најризична категорија се адолесцентите и жените во периодот на бременоста и по породувањето.

„Бројките беа загрижувачки, без да ги плашам луѓето, односно дека кај речиси 1/3 од адолесцентите некаков тип на анксиозност и депресивност која што е непрепознаена се разбира и истото се случува кај жените, односно кај 1/3 од испитаничките ние добивме податоци за постоење на анксиозност и депресивност во тек на бременоста. Доколку вие имате семејство кое што е грижливо, поддржувачко, тогаш излегувањето од некоја психолошка криза е многу полесно, доколку навремено се побара помош и таа помош биде соодветна“, изјава проф. д-р Славица Арсова од Универзитетска клиника за психијатрија.

Во рамки на дневната болница на Универзитетската клиника за психијатрија има група за поддршка на мајки и бремени жени која се среќава еднаш во неделата.

„Ги поттикнуваме и сите здравствени работници кои се во контакт со бремени жени, со мајки, тука се гинеколозите и акушерите, педијатрите и матичните лекари да ги препознааваат знаците на нарушено психичко здравје и да не забораваат во текот на контролите да ги прашаат жените како се чувствуваат“, изјава д-р Стефанија Митровска од Универзитетска клиника за психијатрија.

Возрасните лица се исто така засегнати кога станува збор за депресијата, кога имаат природна потреба да им помогне некој, за жал се случува тие да бидат заборавени и од семејството и од околината, со што се оставени да се грижат сами за себе.
Важно е да се подигне свеста за менталното здравје затоа што постои стигматизација на овој план, вели професор Арсова, дека немаш право да си тажен, да си исплашен, немаш право да си разочаран и налутен, но како што имаме право да сме среќни , имаме право и да сме тажни и налутени, доколку тоа чувство преовладее секој има право да си побара соодветна психијатриско- психолошка помош без да биде стигматизиран поради тоа.

 

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *