Сутерен.мк

Трикови за совршено пире

Варење

Секогаш посолете ја водата во којашто ги варите компирите. Никогаш не го ставајте компирот во врела вода. Значи, посолете ја студената вода, ставете ги исецканите компири, чекајте да почнат да вријат, намалете ја температурата…

Цедење

Добро исцедете го компирот по варењето. Зада го исушите како што треба, може и да го вратите минаута-две на слаба рингла после цедењето…

Алатки

Компирот е преполн скроб и не треба да се миксира или блендира затоа што ќе се претвори во леплива маса. Подобро, користете вилушка или рачен гмечач и полека мешајте го со останатите состојки.

Температура

Путерот/маргаринот и млекото/павлаката што ќе ги додадете, најдобро е да се на собна температура или дури и млаки.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *