Клишето дека внатрешната убавина е најважна како да добива на значење! Сега, баш не дека е најважна, ама дека е важна…
Според резултатите објавени во списанието „Personality and individual differences“, љубезните и мили личности се физички попривлечни од останатите.
Кинески научници направиле широка студија со исти ликови, но со нивни различни расположенија и животни приказни.
Се испоставило дека оние луѓе кои зрачат со оптимизам и се понасмеани, се попривлечни за другиот пол.
Секако дека физичкиот изглед не може да се занемари за нечија привлечност, но истражувањето вели дека, истата таа личност не привлекува исто внимание со различно расположение!
Што ќе рече, баш е добро што сте убави, но уште подобро е и да сте љубезни.