Кога се реновирала палатата на некогашниот доживотен претседател на Тунис, Хабиба Бургибе, во педесеттите години од минатиот век, пронајдени се остатоците од древниот град Картагина, еден од најбогатите и најмоќните градови на антиката!
Картагина ја основале емигранти од персискиот град Тир, кои го напуштиле Тир во осмиот век п.н.е. и се населиле во северна Африка.
Картагина се наоѓала на територијата на денешен Тунис, од каде што се ширела со освојувања.
Пуни е римскиот назив за Картагинците, од латинското Phoenicians, што значи Феникијци.
Додека на чело на Картагина бил Ханибал, таа претставувала најголема закана за Рим. Така е и создадена изреката „Ханибал е пред портите“.
Пунски војни е заеднички назив за трите војни што ги воделе Римјаните и Картагинците во третиот и вториот век пред нашата ера.
Картагина тргувала со текстил, необработен метал, храна и робови, што ги менувала за калај, сребро и злато.
Главни божества им била боговската двојка Вал – Хамон и Танит, наследени од хананската религија од своте феникиски предци.
Најозлогласената одлика на картагинската религија било жртвувањето на деца. Диодор од Сицилија раскажува дека во 310 година п.н.е., кога бил нападнат нивниот град, Картагинците жртвувале над 200-тини деца од благородничко потекло за да го смират Вал – Хамон.
На врвот на својата моќ, Картагина доминирала со најголемиот дел на Средоземјето.
Градот е уништуван неколку пати од страна на освојувачите, а конечно е покорен од Арапите во 698 година од нашата ера и неговите камења подоцна послужиле за градење на градот Тунис.