Бебешко-сината боја е трендот што овие денови се гледа на улиците на светските метрополи. Фустаните, кошулите, пантолоните… во оваа нијанса делуваат шармантно, со доза на луксуз и софистицираност.
Бидејќи е неутрална, бебешкото-сино одлично се комбинира со другите бои: ако сакате посуптилен изглед, комбинирајте ја со бело или крем нијансите, а ако сакате похрабро издание, поиграјте си со посилни бои како на пример, циклама.