Сутерен.мк

Чествување на македонскиот јазик во Романија

Со прифаќање на законот изгласан на 8 декември 2018 година во романскиот парламент, овој ден ќе има посебно значење за целото македонско малцинство во Романија, зашто покрај славењето на Св. Климент тој ќе биде и Ден на македонскиот јазик.

Со краток застој заради пандемијата, на 8 Декември годинава, чествувањето на македонскиот јазик ќе продолжи, информира дипломираниот филолог по романски јазик и книжевност, Теа Теохаревска-Иванова.

Покрај коктелот на нејзини песни во препев на Лидија Димковска, Ташко Саров и Јане Теохаревски, ќе биде прикажан и документарниот филм ‘Кирилицата – по врвиците на писменоста во Македонија’.

На прославата меѓу другите, се поканети и романските студенти кои го изучуваат македонскиот јазик при Факултетот за странски јазици на Букурешкиот универзитет и лекторот Елена Ѓорѓиовска“, вели Теохаровска Иванова и додава дека проектот е помогнат од нашата амбасада во Романија и Асоцијацијата на Македонците во Романија (АМР) и финансиран од Фондацијата Заев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *