Сутерен.мк

Чистејќи дома, нашла дијамант!

Додека ги средувала старите работи во домот, Британка случајно пронашла дијамант вреден 2,7 милиони долари!


Жителката на округот Нортамберленд (на североистокот на Англија) го чистела својот дом кога пронашла блескав тркалезен камен со големина на монета од фунта. Помислила дека се работи за некоја бижутерија и за малку ќе го фрлела.
Меѓутоа, по совет на соседот, жената која сакала да остане анонимка, одлучила да го однесе во златарницата заедно со други работи што се насобрале по години и години.
Сопственичката на дијамантот од 34 карати не се сеќава од каде ѝ е. Често одела на пазари и купувала разни работи, накит… Никогаш не помислила дека тоа можело да биде дијамант.
Скапоцениот камен ќе се најде на аукција на 30 ноември во Лондон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *