Сите знаеме дека јас сум дизајнер на гаќи. И на цицкарници. И на понекое пижамче, како она носено од Ева во една спарна летна ноќ, а неодобрено од едитрикс Најдовска, која има поконвенционален пристап кон дрес код за излегување.
Тие пижамки, градници од деликатна тантела небаре ружини латици што ви ги галат градите – фр, фр, фр, etc., etc… ме донесоа на Балканов, каде што го оставив прекрасното Pimlico, прво за прегратките на Бај Гањо, то ест за соседна Бугарија, а потоа и за родината ми, Република Северна (моминско презиме БЈРМ) Македонија.
Нема потреба да зборувам за шалтеруши со збрчкани деколтеа, за змиски шифон како банкарска униформа, за тотална неефикасност на државниот апарат бидејќи сите знаеме каде живееме, но нешто што никогаш нема да престане да ме зачудува е неефикасноста на приватниот апарат!
Дека навистина, фактот што пола МВР или државни институции се полни со партиски назначени ондулирани тртлести тетки, јеби га, не е доволен изговор да си дебил во бизнисот!
Патот ме наведе во Истанбул и во Бурса. До Стамбол со прашување се стасува, а до Бурса, со такси или ферибот. Се качив на летот на „Туркиш“ од Скопје, вода има, маска има, храна нема (дека Ковид) и пристојно сместен во седиштето, во авион полн медицински туристи, бев испоштуван од пискави стјуардеси (Турчинките ептен знаат гракливи да бидат) и од мали мажиња, баеги налик на bell-hop-от од „Гранд хотел Будимпешта“.
Бордо елече, „жилетка“ што би рекол Киро Пачемски, #рип. Во еден доаѓам на аеродром, и гледам дека Чаглар, фин момак што работи на рецепција, не ми нарачал такси да ме чека. Бидејки сум Миранда Присли (прашајте ја Калија Киселички, се ќе ви каже), мртов ладен му ѕвонам на мобилен на типов и го будам дома, а и неговата пискава сопруга (“сопруга” во наводиници, мислам дека у машки амам превише виси овој). Место да ме прати да умрам од офтика, ми викна такси и за пет минути бев во еден удобен автомобилсаурус, со повеќе од доволно место и за мојата корпулентна става.
Пристигнав во четири и на мој шок, Чаглар беше на рецепција да ме пречека и кога виде што бишка сум, одма свика во кујна да ми се направи breakfast plate. Првите состаноци ми беа сабајлето и отидов во првите фабрики за материјали. Фабриките се како Raumchiff Edelweiss , луд спој на супер – модерна технологија, униформирани работници и ефикасност, но со менза во која егзистираат теткици невидени уште од работничките мензи на екс ЈУ.
Во супер модерни showroom-и добиваш цени маргинално повисоки од Кина, услуга небаре си во Париз, а и баба Џеврие од менза ќе ти даде пилав, прсти да излижеш. Собата во Бурса, во хотел што кај нас комотно би бил 4+ ѕвезди, беше 15 евра со појадок. Е сега, моментот кој ме натера да ја напишам оваа колумна. Одам на рецепција и им велам: „Имам рок за предавање на проект, не знам како да нарачам храна, ве молам организирајте ми вечера.“ За 15 минути се појави трпеза за Аладин во соба, но не пред младиот господин да праша што работам (интрузивно можеби, но…). Кога му ја објаснив целта на мојата посета, тој ми кажа дека сопственикот на хотелот има фабрика за текстил, ме праша каков е мојот itinerary и ми организираше состанок со неговиот газда, кој прати лимузина буквално, во која јас влегов во џемпер од Тед Бејкер од Сити Мол, во кој се преливав раскошно како Sue Tilley на Lucian Freud.
Господинот организира три други комплементарни бизниси околу неговата фабрика да ми направат презентација на нивните производи (сега работат материјали за Ривер Исланд како резултат на момчето од рецепција). За ручек ми сервираа кебап голем колку кременадлата на Barney Rubble и така, ждригајќи си Застар низ нос, одбирав пембе басми за англиските госпожи! „Пембе! Тамам ефендим!“ Истата приказна и во Истанбул! Во фабрика за тантела ми кажуваат дека можат да ми направат комплементарно боење со фирма за ластици, да не правам две боења – и ластиците и танталите да се во иста нијанса. Сето тоа, ничим изазвани. Дека знаат дека “Съединението прави силата”. А тука?
Па еден курајбер од ривалите на Стружанка еве, два месеца го чекам да се јави! Едни момци од август ги чекам за узорци! Деведесетидевет отсто од фабриките се распаѓаат, а тие што не, најчесто (има навистина чесни исклучоци) се или направени со пари од рана приватизација или од наместено проектче. Со лош англиски, никаква механизација, без елементарно познавање на бизнис етика и дури без експертиза во она што го произведуваме, се наметнува скопското прашање: „Шо кур нудиме?!“ Очекуваме странскиот купец да финансира се, ние да го изработиме кога ќе ни текне, како ќе ни текне?! Да бидеме платени проформа и купецот да има разбирање за илјадниците рекламации кои го чекаат?! Дека светот нешто ни должи нам?! Кутрите. Дајте ни шанса. Море стап по газот!
Мрзливи, суетни, очекуваме некој да го преземе целиот ризик, чисто за да не ни го ремети раатот за ракијата. Па после Заев е крив! Грујо е крив! ЕУ е крива….Зошто некој би работел со Македонија?! Што би рекле една наша комшика од Бистрица: “Ве видоја лични во носо!”. Баш така. Додека на нашиот сосед му умира козата, рецепционери со својата снаодливост носат во Бурса милионски договори. Не треба многу. Навистина.
П.С.
Ве молам, тргнете ги тие сувите цвеќиња од канцелариите! Не сте Јатаганац.
П.С.С.
Од шопска и Жане од Кадрово, странецот нема да види што е чунга – лунга. Ќе избега, газ преку глава.
(Авторот знае да го реши Шродингер за Јаглерод 6, но одбра да црта гаќи. Горд татко е на 3 мачки и луда папагалка со субмисивен дечко папагал. Лош шеф и сопруг на една измачена бугарска мечка. Многу чкарт педер, кој пие, арчи и се тепа.)
*Ставовите изнесени во колумните се лични ставови на авторите и не го претставуваат нужно ставот на сајтот suteren.mk.