1. Емоционална стабилност
Мажот можеби е силен однадвор, но бара мир однатре. Жената која знае како да се справи со емоциите, која не прави драма поради секоја ситници и знае да разговара за проблемите, станува негов сигурен дом.
2. Самодоверба
Ништо не е попривлечно од жена која ја знае својата вредност. Таа не бара потврда од другите, не се натпреварува и не се споредува. Таквата жена освојува со својата смиреност и став.
3. Поддршка, а не контрола
Мажите сакаат жена која верува во нив, но не ги гуши. Таа не им го проверува телефонот, ниту се сомнева во секој нивен збор – таа го бодри, но му дозволува да биде тоа што е.

4. Топлина и нежност
Не е сè во изгледот. Мажите секогаш им се враќаат на жените кои имаат топлина во погледот и благост во гласот. Тие знаат дека силата не значи студеност, туку нежност која крепи.
5. Зрелост во комуникацијата
Без викање, манипулации или тишина која казнува. Таа знае дека зборовите можат да градат, но и да рушат, затоа одбираат да ги решаваат проблемите со разговор, а не со расправија.
6. Страст кон животот
Жената која има свои цели, хобија и соништа зрачи со енергија. Таа инспирира, не троши. Мажот покрај неа не стагнира – расте.
7. Верност и автентичност
Во време на маски и филтри, автентичноста е реткост. Таа не глуми, не се крие и не се менува себеси за да биде сакана. И токму затоа е сакана.
Таквите жени не се совршени, но реални се. Тие не се обидуваат да освојат, туку природно привлекуваат. А мажот кој ќе ги препознае знае дека во нивното присуство постои мир што не сака да го изгуби.
