Џек Дорси (45), коосновачот на социјалната мрежа Твитер, иако не е воодушевен што Илон Маск ја купил оваа популарна платформа сепак, мило му е што истата веќе не е во канџите на Вол Стрит!
Кога пак, на својот Твитер профил ја закачи песната Everything in its right place од „Radiohead“, беше јасно дека е задоволен со потегот на Маск.
„Твитер беше единственото нешто на кое му бев посветен и заради тоа жалам што некои работи тргнаа наопаку на оваа социјална мрежа. Таа до сега беше во сопственоштво на луѓе и компании од Вол Стрит и зависеше од приходите од реклами. Раскринкувањето на овој модел е добар прв потег.
Во идеалниот свет најдобро би било никој да не раководи со Твитер, па ниту нејзиниот сопственик. Посакувам таа да е јавно добро, а не компанија. Од друга страна, ако веќе мора да биде во нечија сопственост, Илон е личноста на која и верувам дека ќе направи добри решенија во врска со Твитер“, објави Дорси.