За доброто здравје не е заслужна само урамнотежената исхрана туку и балансираните чувства. Доколку емоциите ги задржуваме во себе, тие порано или подоцна ќе си го најдат патот да се покажат, но во меѓувреме ќе направат штета на поедини органи во телото. Што ќе рече, емоциите се тесно поврзани со нарушувањето на физичкото здравје.
Загриженост
Оваа емоција првенствено влијае врз дигестивниот систем. Страда желудникот, слезината и панкреасот. Кога сме во таква ситуација, дури и најквалитетната храна во телото може да стане отров. Зошто? Затоа што храната нема правилно да се вари или ќе се задржи во дигестивниот тракт. Така, полусварената храна влегува во нашите црева, создавајќи совршено тло за размножување на патогени организми кои не трујат.
Страв
Колку пати сте кажале дека сте се смрзнале или пребледнеле од страв? Тоа се случува кога бубрезите нагло ќе се соберат од страв и доаѓа до блокада во филтрирањето и прочистувањето на крвта. Поради тоа е пореметена циркулацијата, а рацете и нозете се ладат. Стравот најмногу влијае врз бубрезите и бешиката. Колку е тој поприсутен, толку последиците се поголеми.
Лутина
Чувството на бес го спречува црниот дроб нормално да работи. Доколку често сме лути, џигерот ја губи се повеќе својата функција, а нашиот организам се труе. Секако, тоа не значи дека треба бесот да се игнорира, туку да се проба тој да се разбере и да се најде начин да се ослободиме од него.
Тага
Тагата најмногу ги погодува белите дробови, вториот орган за детоксикација. Нерамнотежата на белите дробови влијае врз работата на срцето. Тагата неповолно влијае и на дебелото црево. Така, отровите што инаку ги ослободуваме со дишењето или столицата, остануваат во нашето тело.
Алчност
Лакомоста најмногу влијае врз работата на срцето и тенкото црево. Желбата за се поголемо богатство се гледа во аритмиите и другите проблеми во работата на срцето. Долготрајната алчноста всушност, ќе ги предизвика и претходно споменатите емоции.