Ангус Џонс (28), кој во неповторливата хумористична ТВ серија „Два и пол мажи“ го глумеше симпатичниот Џејк Харпер, момче кое повремено жовее со својот татко и чичко, шоуто го напушти во 2012 година иако, беше најплатениот малолетен актер на светот (триста илјади долари од епизода).
Причините за тоа се од религиозна природа односно, „Џејк“ се свртел целосно кон „второто доаѓање на земјата на Исус Христос“ и покрај противењето на неговата мајка.
Во текот на годините Џонс повеќе пати зборувал против ТВ шоуто и неговото негативно влијание врз публиката, но и денес се надева на продолжеток на актерската кариера, но само, ако таа е во хармонија со неговите верски убедувања.