Во физиолошка смисла губењето на тежината е напорно за телото и тоа од неколку причини:
Ние не добиваме или губиме масни ќелии, туку оние што веќе ги имаме само се шират и собираат во склад со промената на нашата тежина.
Смалувањето на масните ќелии значително влијае на тоа како се чувствуваме – масните ќелии покрај маснотии се складиште и на токсини и тоа со години наназад, па кога тие се смалуваат, резервоарите се празнат во крвотокот. Маснотијата се користи како гориво, а токсините ги обработува црниот дроб, по цел ден, секој ден. Затоа е потребно да се пие многу вода за да се поттикне исфрлувањето на тие отрови.
Очекувајте умор. Поприлично енергија сега ќе добивате од салото, што не е баш омилен извор на гориво. Втората причина е што ќе внесувате помалку шеќер (би требало и кафе), а тоа значи недостаток на „допинг“. Накусо, кога чувствувате умор, одморете се!
Слабеењето е стрес за телото и затоа треба да се биде на диета што овозможува долгорочно губење на килограми, а да не гладувате. Правилниот начин на исхрана на крајот ќе резултира со голема енергија, без нејзино опаѓање во текот на денот.
Ивана Мишиќ, нутриционист