Пејачот на италијанскиот глам рок бенд „Манескин“ (формиран во 2016 година), Дамиано Дејвид ги заведе жените ширум светот откако се појави на Евровизија (2021-ва) со песната „Zitti e buoni“.
Дејвид, како и остатокот од групата, за кратко време постигнаа неверојатен успех, што резултираше со тоа што тие се еден од најпопуларните бендови во светот денес.
Дамиано остави голем белег во светот на музиката и модата со својата неформалност, самодоверба и храброст да ја прикаже мажественоста во поинакво светло, но промената кај него е очигледна.
Покрај тоа што е познат по својот екстравагантен стил, Дамиано драстично ослабе, па многумина се прашуваат што му се случило.