Сутерен.мк

Што ќе ни се слепото црево и крајниците?

Навистина, заошто ни се органи кои после нивното отстранување воопшто не ни забележуваме дека ги нема?!

Според експертите ова се лимфоидни органи кои произведуваат бели крвни зрнца. Во бели крвни зрнца спаѓаат и лимфоцитите. Тие произведуваат антитела, протеини способни да ги разликуваат протеините на нашето тело од туѓите, кои се викаат антигени. Антителата произведени во лимфоцитите ги деактивираат антигените.

Постојат два вида лимфоцити: Б – лимфоцити и Т – лимфоцити. Т – лимфоцитите се создаваат во градната жлезда. Има докази дека Б – лимфоцитите ги произведува слепото црево, иако се знае дека за нивно производство пред се, задолжена е коскената срж.

Ако слепото црево е толку важно за одбрана од инфекции, зошто тогаш лесно го поднесуваме неговото отстранување? Затоа што, на наша среќа, другите органи, како слезината, произведуваат доволно бели крвни зрнца за да го покријат тој недостаток.

Некои лекари сметаат дека слепото црево и крајниците можеби служат како громобран, т.е. за да ги привлекуваат инфекциите. На тој начин инфекцијата се локализира на само едно место кое не е од пресудно значење за функционирање на телото.

Сепак, не може да се каже дека луѓето со извадени крајници или слепо црево се помалку здрави од оние кои што се уште ги имаат!

Всушност, мислењата дали треба на децата да им се вадат крајниците дури и кај слабите случаи на воспалување се менуваат почесто од изборот на една жена која е во шопинг!

Што се однесува до напад на слепо црево, ни еден кој ги искусил тие болки нема никакви дилеми дека тоа „чудо“ мора да му се извади!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *